четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Заев и Димитров со договорот од Преспа прифатија да бидат избришани македонската историја, култура и јазик

Пандов: Заев и Димитров со договорот од Преспа прифатија да бидат избришани македонската историја, култура и јазик

Македонскиот идентитет е создаден благодарение на историја, култура, јазик и на многу други работи кои што сега Заев и Димитров со договорот од Преспа прифатија да бидат избришани, односно да ги подарат на Грција, изјави аналитичарот Александар Пандов во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.

Пандов потенцираше дека македонскиот народ не го прифати договорот од Преспа затоа што со него во корен се загрозува македонскиот идентитет и дека сите прифатени работи од страна на власта се со негативни последици по Македонија. Тој додаде дека договорот исто така остава простор и за понатамошни уцени и условувања од страна на Грција.

– Договорот не е добар и не е прифатлив за македонскиот народ и тоа е чувство кое што секој од нас го носи. Тоа што 81 пратеник изгласаа во Собрание, не е меродавно, затоа што сите ги следевме процесите како се дојде до тие 81 пратеник и тоа беше надвор од сите нормални демократски процедури, истакна Пандов.

Тој посочи дека до тоа мнозинство од 81 пратеник не е дојдено демократски по демократски пат и не ја отсликува вистинската слика во општеството, туку до таа бројка се дојде на на сила со уцени и со закани до пратениците вклучувајќи и одреден број пратеници за кои што власта година дена говореше дека се терористи и направиле злосторство на 27-ми април.

Најнови вести