петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Заев треба час поскоро да седне со опозицијата и да се изнајде решение уставобранителите да се ослободат

Пандов: Заев треба час поскоро да седне со опозицијата и да се изнајде решение уставобранителите да се ослободат

Час поскоро Заев како властодржец, како докажано човек кој што ја контролира праводусната власт во Македонија треба час поскоро да седне со опозицијата и политички да се најде или каков веќе правнички ќе се најде решение, тие луѓе да бидат ослободени, истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Пандов посочи дека Заев за него е тешка будала ако продолжи вака како што се однесуваа вчера неговите медиуми и покрај огоромната бројка на вчерашниот протест да велат дека се само излезени околу 100-200 граѓани.

„Нивните портали вчера пуштаа снимки од протетстот но од самиот почеток на протестот. За да прикажат помала бројка на граѓани дека биле излезени на вчерашниот протест. Но генерално вчера беше најмасовен протест после многу години кој што се случил во Македонија“, појасни Пандов.

Пандов посочи дека се радува што на тој протест доминантно беа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа имаше и огромен број на луѓе кои што се нормално опозиционо расположени, но луѓе кои што притоа не се ни членови на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на други партии.

„Оваа неправда и овој начин на владеење на Заев на доста граѓани на Република Македонија им е дојдено преку глава и сакаат да стават точка на тоа.

Најнови вести