четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панел дискусија „Искоренување на ракот на грлото на матката“

Панел дискусија „Искоренување на ракот на грлото на матката“

Во Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија „Искоренувањето на ракот на грлото на матката – како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија“.

Панел дискусијата ја организираат Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Рош Македонија Скопје.

На настанот ќе се дискутира за можностите за справување со ракот на грлото на матката и за унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, како и за постоечките услуги и за зајакнување на националните партнерства и создавање на ефективни мерки базирани на докази.

Најнови вести