среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панел дискусија по повод Светскиот ден за борба против рак

Панел дискусија по повод Светскиот ден за борба против рак

Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ денеска организира панел дискусија во рамки на одбележувањето на 4 февруари, Светски ден за борба против рак.

На панел дискусијата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на „Борка“, Биба Додева, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорите на клиниките за хематологија, радиотерапија и онкологија и за детски болести, Ирина Пановска-Ставридис, Нино Васев и Катерина Ставриќ. Ќе присуствуваат и здравствените работници, претставници од релевантните институции, од други невладини организации и пациенти заболени од рак.

Од Здружението посочија дека на панел дискусијата ќе стане збор за ракот со посебен акцент на превенцијата, раната детекција, третманот и терапијата, состојбата во Македонија, и за следните чекори – имплементирање на Национален регистар за рак и на Националната стратегија за контрола на ракот.

Најнови вести