Бојан Христовски е кадарот кој ќе внесе ред и закон во децениското безредие и беззаконие во ЈП „Градски паркинг“. Токму поради тоа е стравот на СДСМ, затоа што нивните криминогени кадри ќе се соочат со законот и одговорност, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека токму нивната власт и лакомоста на Шилегов од претпријатие во добивка го претворија во претпријатие загубар.
-Затоа што популарна е практиката на врски и протекции во паркирањето, како и сомнежите за издавање на фиктивни фискални сметки кои наместо во касата на паркинзи завршувале во приватни џебови. И токму затоа паниката од новиот директор на паркинзи е паника за одговорноста која следи за криминалното работење на СДСМ, велат од партијата.