Борба со криминалот корупцијата од овие луѓе на власта кои се длабоко влезени во тоа не е можно, бидејќи буквално големиот криминал во државата излегува од двоецот СДС ДУИ, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија.
„Очигледен дефокус е апсењето на Тодоровиќ, бидејќи денови наназад го повикуваме обвинителството да постапи за скандалите со Мерко, не може Америка да знае и да има докази за сторен криминал и притисок во судството од страна на Мерко а обвинителството да не знае, во исто време да немаме со месеци и години извештај од Бирото за судски вештачење“, кажа Панова.
Таа истакна дека фокусот на целата Европска јавност и политичари е токму криминалот и корупцијата во Македонија.
„Како може досега УЈП да не направиме истрага и да нема прикривање на данок и како може едно момче од 23 години да стане така голем бизнисмен во Македонија или само презимињата се битни за да се стане успешен бизнисмен“, рече Панова.
Таа потенцираше дека судството и обвинителството мора да се ослободат но не преку вакви примери со денешниот дефокус кој се прави врз бившиот градоначалник Тодоровиќ тоа е доказ како функционираат СДС и ДУИ.
„Еве го доказот денес имаме апсење и не знам какви ќе бидат изјавите на премиерот, и на Груби меѓутоа верувам дека државниот јавен обвинител треба да одговори на ова прашање зошто после 10 години имаме апсење и ако се знае дека веќе не може да има влијание врз сведоци ако тоа е направено пред 10 години, во исто време треба да даде одговор за 2цате внуци на Али Ахмети, Артан Груби, криминалите на власта и случајот со Мерко“, изјави Панова.
Таа е децидна дека се додека се инволвирани вака високи профилирани функционер од власта тогаш правдата ќе биде слепа и нема да имаме правда во Македонија .
Панова заклучи дека двојните стандарди и скандалите се секојдневие на власта. Нема функционалност на системот и до правда да се дојде воопшто не се доаѓа или е многу спора, нема никакви реформи во овој сектор.