вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова до СДСМ: Во ек на пандемија ги заборавивте децата без родители и родителска грижа

Панова до СДСМ: Во ек на пандемија ги заборавивте децата без родители и родителска грижа

Ели Панова, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес се обрати на собраниската комисија за финансирање и буџет.

При своето обраќање го запраша владиното мнозинство што направија за доброто на децата, дали обезбедија еднакво образование за сите во ек на пандемија.

-Дали сите деца во Македонија имаат исти третман? Дали сите деца во Македонија имаат исти услови како условите на вашите деца? За жал не. Во изминатиов период на криза единствено се занимававте со предизборни поткупи во сите досегашни четири сета на мерки. Ја заборавивте една од најранливите категории во Македонија. Со предложениот ребаланс на Буџет во условите кога државата е на чекор до банкрот очекував разумно трошење. Но, не вие останавте единствено посветени на вашата кауза лов во матно, нагласи Панова.

Панова додаде дека власта ги заборави децата без родители и родителска грижа, згрижувачките семејства.

-Прво ги заборавите, а потоа во четвртиот сет на мерки симболично ви текна на самохраните родители без притоа да се запрашате како живееја во КОВИД услови, со покачена струја, покачени трошоци за живот, од каде најдоа пари да ја отпочнат учебната година со онлајн настава за своите деца, истакна Панова.

Панова посочи дека власта ниту еден момент не се запраша како живеат децата на родителите кои ги изгубија работните места поради корона кризата. Повеќе од 40.000 луѓе останаа без работа, таа бројка не е за потценување. 40.000 семејства имаат член во семејство кој остана невработен.

Најнови вести