Премиерот Димитар Ковачевски непојавувајќи се на суд и повикувајќи се на имунитет покажува дека лажел на говорница во парламентот и наместо да приложи документи се повикува на имунитет, но тој треба да биде човек со интегритет бидејќи е премиер. Многу ми е чудно што носител на функција мора да поседува интегритет, а на Ковачевски не може да му се верува и тоа е многу јасно, рече Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ говорејќи на вечерашната емисија Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа, а зборувајќи за тоа што премиерот се повикува на имунитет по тужбата на пратеникот Драган Ковачки и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку Ковачевски лажно го обвини Ковачки дека кодошел, крадел документи од АРМ, издавал информации и тргувал со информации со странски структури, по што Ковачки поднесе тужба за премиерот.
Според Панова многу е јасно кој е премиерот тоа е „човек за кој имаше огромна афера Пиксел груп и која не е истражена, за него има уверение зошто избегал од војска и слично“.
„Ова што го прави Ковачевски е демонстрација на моќ. Тој кажува дека на говорница ќе зборува се што сака, а другите ќе ги дискредитира или ќе ги дискредитира пратениците од опозицијата и од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Панова додавајќи дека за разлика од него пратениците на ВМРО-ДПМНЕ своите тврдења и тези било од пресови било од говорница во парламент ги докажуваат со аргументи, документи и слично.
Панова посочи дека ако има институции тие ќе влезеа во наведените фирми поврзани со премиерот и ќе имаше некаква реакција, но додаде таа „ние гледаме дека тие се семоќни и оти судството е партизирано, едноставно нема кој да постапува кога станува збор за корупција, а се поврзува со име не некој од власта“.
„Во изминатиов период виодовме дека обвинителот Љубомир Јовески не сака да постапува кога станува збор за некој од власта“, рече Панова.