четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова: Власта наместо да се фокусира на домашните задачи за напредокот кон ЕУ, се фокусира на сервилност кон други држави

Панова: Власта наместо да се фокусира на домашните задачи за напредокот кон ЕУ, се фокусира на сервилност кон други држави

Власта наместо да се фокусира на домашнтие задачи за ЕУ и да ги зајакне македонските институции и капацитети се фокусира на сервилност кон други држави, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова за „Само вистина“ на Канал 5, додавајќи дека просечните оценки на Македонија за напредокот се во континуиран пад.

Панова посочи дека власта крие и од пратениците и од граѓаните за што преговара, а постојано се зборува за некакви отстапки, во исто време кога од Бугарија добиваме само нови ултиматуми.

-Петков денеска повторно ни постави ултиматуми и уцени. Што е второ, што е трето, а што четврто? Планот 4+1 или 5+1 ништо не видовме конкретно. Ние немаме детални информации, министерот Османи не сподели за што конкретно се преговара со Бугарија. Пратениците не се информирани за што се преговорите. Мора да знаеме за што се преговара. Имавме и други ултиматуми, на референдум велеа дека ќе влеземе и во ЕУ доколку се потпише Преспански, а каде сме сега имаме датум за датум по датумот. Граѓаните немаат верба дека остапките ќе ни донесат датум, истакна Панова.

Таа посочи дека од друга страна никогаш досега не сме виделе изјава од бугарски политичар да каже дека нема да се задира во македонскиот јазик или македонската борба за самостојна држава.

-Треба да ја видиме бугарската декларација која ја изгласаа во нивниот Парламент. Во таа декларација се задира посебноста на македонскиот јазик, македонска борба за самостојна држава, и сега од нас бараат да кажеме дека сме настанале во 1945, рече Панова.

Најнови вести