Во денешната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова која што во однос на уставните измени истакна дека власта не може да обезбеди гаранции, туку имаат само верувања, а ВМРО-ДПМНЕ останува на својот непроменет став дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и единствено решение сега се избори.
„Жешко политичко лето, но верувајте за Ковачевски за Османи и за Маричиќ и зимата беше жешка, особено што знаеја дека не можат да го исполнат она кое што го ветиле, потпишувајќи го протоколот и прифаќајќи ја оваа преговарачка рамка. Особено ако се знае дека во ниту еден момент ВМРО-ДПМНЕ не даде можност на тоа да се надеваат. Практично ние не оставивме простор да може да манипулираат кога станува збор за уставните измени и затоа сега сме сведоци на изјави кои што се навистина несреќни, особено во последниот период.
Панова додаде и дека власта не може да обезбеди гаранции, туку имаат само верувања, и токму затоа се многу внимателни.
„Внимателни сме затоа што од една страна ги слушаме изјавите а од друга страна ги слушаме интерпретациите, несреќните интерпретации од страна на премиерот Ковачевски кој што сакајќи да оди во негова полза и на крајот на денот да ја држат малку подолго оваа жешка тема, уверува на гаранции а од друга страна ги слушаме ние изјавите каде што кажуваат дека гаранции всушност не може да обезбедат и да дадат туку имаат одредени верувања“ истакна Панова.
Панова посочи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на својот непроменет став дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и единствено решение се избори.
“Секојдневно ние се наоѓаме помеѓу лажни вести, помеѓу шпекулации од страна на власта особено од страна на премиерот и затоа би рекла дека треба да бидеме внимателни. Затоа ние остануваме на нашиот непроменет став уставни измени под бугарски диктат не прифаќаме и од друга страна после вчерашното интервју на претседателот Мицкоски кажуваме дека само избори се решението, односно мора да излеземе на избори затоа што повеќе е невозможно да се живее во оваа настаната политичка ситуација во Македонија“ нагласи Панова.
Панова истакна дека треба да се прави разлика помеѓу политичките и правните гаранции, а ВМРО-ДПМНЕ во претходниот период понуди опција токму во насока на правните гаранции.
„Треба да се прави разлика помеѓу политичките и правните гаранции. Она кое што ВМРО-ДПМНЕ односно претседателот Мицкоски го понуди како опција претходно беше токму тоа. Да се обезбедат и правни гаранции односно гаранции кои што единствено ЕУ може да ги обезбеди а не поединечни изјави на политичари од ЕУ. Важни се и Фон Дер Лајен и Вебер и Борел но најбитен е македонскиот народ. Ако знаеме де 80 проценти од македонскиот народ не поддржува уставни измени под бугарски диктат, тогаш треба и на Ковачевски и на Османи и на сите моментални властодршци, да им биде јасно дека не смеат да одат против волјата на народот. Народот кажа гласно не, ние како опозиција единствено се грижиме за македонските национални интереси исто така велиме не, на диктати“ истакна Панова.