сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова за хуманоста на СДСМ: Во хуманитарна акција да прашувате за политичка припадност, не е ништо друго освен поткуп

Панова за хуманоста на СДСМ: Во хуманитарна акција да прашувате за политичка припадност, не е ништо друго освен поткуп

Во пресрет на нај големиот христијански празник, кога треба сите да ги исчистиме душите со пост, молитва и добри дела, не можам а да не реагирам за сликите кои ми се испраќаат секој ден од наводни “хумани” акции што се одвиваат на точно утврдени локации во Струмица!
Не можам да се изначудам од пресметливост, задскриена во наводна хуманост, евидентирана со списоци и потписи!

Не можам да се изначудам на високо издигната пресметлива суета – наспроти погазено достоинство, дискриминирано поради политичка припадност!

Не можам да се изначудам како лекцијата која ни ја дава животот и кризата не не’ натера да помислиме дека мораме да се смениме, да се подобриме, оти вака нема да опстанеме?

Христијански е да се помага, но дали е христијански да НЕ се дели еднакво на сите кои имаат потреба?

Во хумана акција да прашувате политичка припадност, не е ништо друго освен – поткуп!

Можеби грешам, ама имам прашања кои ме измачуват:

Се прашувам, зарем Црвен Крст не е организација чија основна цел е хуманитарната дејност и постои токму заради вакви акции и состојби?

Или проблемот е што тие немаат тимови кои ќе ги препознаваат и прибележуваат и поделат НАШИТЕ од ВАШИТЕ!

Тие немаат ли простории?

Незнаат ли како треба?

Или проблемот е всушност што таму не се знае кој донирал!

Во овие акции нема ли потреба од следење на препораките и мерките за превенција од ширење на Ковид 19?

Или Струмица нема заразени и не е страшно!, прашува зачудено Ели Панова, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4.

Во пресрет на нај големиот христијански празник, кога треба сите да ги исчистиме душите со пост, молитва и добри дела,…

Gepostet von Eli Panova am Mittwoch, 15. April 2020

Најнови вести