петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пановски: Се ова што ни се случува е последица на желбата за избори

Пановски: Се ова што ни се случува е последица на желбата за избори

Изборите се беспредметни во овие случувања. Не мора да одржат, но сето ова е последица на најавените избори. Мерките што не се преземаа против една религиска група, па потоа против друга, која реагираше „Ќе видите вие, двојно ќе направиме од вас“ беа за да не се изгубат гласови.

Ова во денешното гостување во „Детектор“ го истакна д-р Никола Пановски, додавајќи дека и локалните мерки кои треба да се преземат не се преземаат само за да не се загубат гласови на претстојните парламентарни избори.

-И олабавувањето на мерките беше за да може да се одржат избори. Кога науката ќе ѝ попушти на политиката, како што за жал се случи е резултат ова, рече Пановски.

Вели дека не треба пандемијата да заврши за да се одржат изборите, но ситуацијата мора да се смири.

-Две недели бројот на позитивни треба да биде под 5 отсто и бројот да не надминува 20 нови случаи на ден. Тоа да се случи две недели за да може да се одржат избори, бидејќи навистина во овие места сега не знаеме како би се одржале избори, рече Пановски.

Тој порача гласачките места да бидат организирани на отворено за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Најнови вести