четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пановски: Вакцинацијата во првите 6 месеци по прележување е залудна, само се трошат вакцини

Пановски: Вакцинацијата во првите 6 месеци по прележување е залудна, само се трошат вакцини

Актуелните мерки остануваат на сила и покрај средбата на Комисијата за заразни болести со претставниците на угостителските објекти. Исто така, доктор Никола Пановски го дели мислењето со угостителите за актуелните мерки на Владата.

Според него апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале ковид последните 45 дена. Додава дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале ковид-19 да се вакцинираат првите 6 месеци.

– Вакцинацијата на лица кои прележале Ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, на место да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба, изјави за ТВ21 Пановски.

Најнови вести