Откажување од малцинството Македонци кои живеат во Грција е лошо за Македонија вели во изјава за Фактор, Јоргос Пападакис, претставник на македонската партија во Грција, Виножито и член на Европската слободна алијанса ЕФА.
-Лично сметам дека современа Република Македонија и македонскиот народ на може да постои без Македонците во Егејска Македонија. Откажување од нив е откажување од самиот себе, вели Пападакис.
Смета оти Ципрас и другите власти во Атина повторно ќе ги викаат Македонците Скопјани.
Вчера премиерот Зоран Заев рече дека начинот на промена на членот 49 од Уставот е унифицирање со европската пракса за тоа како се води грижа за дијаспората, За тоа дали договорот содржи одредба со која се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората, како што јавија грчките медиуми, Заев посочи дека станува збор за усогласување со европската пракса.
-На тој начин ќе го прецизираме делот за грижата за нашата дијаспора, каде и да се наоѓаат во светот, а при тоа да не иритираме кој било од соседите, додаде премиерот.