Денес имавме можност да направиме увид и да промовираме три стратешки проекти кои се во постапка на реализација на територијата на општина Кочани, тоа е изградбата на колекторот и секундарната мрежа за канализација во село Тркање со што го решаваме долгогодишниот проблен на ова село, и правиме приклучок на фекалната канализација кон пречистителната станица во Мојанци, изјави денеска за медиумите, Љупчо Папазов, градоначалник на Општина Кочани.
Тој истакна дека ја посетил и улицата „Роза Петрова“ која неодамна е завршена со асфалтирање, информираше дека во моментов се покрива тротоарската површина и ќе биде полесно за граѓаните кои гравитираат за користат една широка, убава и безбедна улица во градот.
– Во моментов се наоѓаме кај најбитниот проект кој се реализира, тоа е замена на главниот потисен цефковод, со кој се снабдува градот со вода за пиење. Проектот се реализира во должина од 2 километри со тоа ги решаваме проблемите со водоснабдување кои долги години се детектирани на овој потег. Го менуваме цефководот кој е изграден далечната 73-та година, а останува уште еден дел од главниот цефковод кој е во должина од пет километри за во наредниот период, за којшто имаме изготвено проект да го довршиме и реализираме, и да го завршиме комплетно проблемот со водоснабдувањето во Кочани, додаде градоначалникот Папазов.