недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПАРАДОКС: Србија добива модерни клинички центри, Македонија чека додека Заев и Филипче договараат скапи бизнис зделки

ПАРАДОКС: Србија добива модерни клинички центри, Македонија чека додека Заев и Филипче договараат скапи бизнис зделки

За само неколку месеци или во септември годинава во Белград ќе биде отворен новиот клинички центар кој ќе биде најголем во државата со вкупно 432 болнички соби и 1.000 кревети.

Претседателот Александар Вучиќ неодамна изјави дека оваа инвестиција ќе чини околу 125 милиони евра и ќе се гради во две фази, првата фаза ќе чини 69 милиони евра, додека другата 43 милиони евра.

Дополнително, во Србија беше отворен клинички центар во Ниш.

Изграден е на 45.000 метри квадратни и најмодерно опремен со опрема вредна 50 милиони евра. Хиподромот во Ниш овозможува ефикасно и брзо згрижување на пациентите.

Парадоксално за македонската јавност е тоа што за исти ваков клинички центар македонската влада ќе плати четири пати повисока цена.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста велат дека најкорумпираната Влада во Европа предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче сакаат да направат нов криминал сега со наводна градба на нов клинички центар. И тој клинички центар би чинел повеќе од половина милијарда евра или Заев и Филипче планираат нова народна пљачка.

„За разлика од кај нас, во Србија клинички центар се гради за 4 пати помала сума во вредност од 125 милиони евра. А, според карактеристиките станува збор за ист клинички центар. Разликата е во тоа што тој се прави за четири пати помала сума и со детален проект, а Македонија ист таков би чинел четири пати повеќе или повеќе од половина милијарда евра и со физибилити студија од само 30 страни. Според физибилити студијата спроведена од Заев, Филипче и екипата, во цената од половина милијарда евра за новиот клинички центар не се вклучени изградбата на пристапните патишта, снабдувањето со струја, довод и одвод на вода, канализација како и телекомуникациската мрежа. Значи пљачката овде во Македонија ќе биде уште поголема. Во Србија наскоро или во септември, октомври ќе има нов клинички со 1.000 болнички кревети, работен врз основа на детален проект и кој ќе чини 125 милиони евра“, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека во Македонија има само физибилити студија oд 30 страни која е параван за уште една пљачка на Заев и Филипче.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка! Четири години власт на Заев. Четири години украден живот. Доста е, порачуваат од партијата.

Инаку српскиот министер за здравство Златибор Лончар неодамна најави дека во Ниш ќе се гради уште една болница која ќе стане градски медицински центар.

Тој освен тоа најави и поликлиника во градот како и психијатриска болница како и решавање на паркинг просторите во сите болници во земјата.

За разлика од српскиот министер за здравство како и целата влада, во Македонија клинички центар веќе немаме со години наназад, а освен тоа ниту во еден друг град е предвидено такво нешто.

За жал и новиот клинички центар во Штип се уште не е во функција поради неспособноста на властите.

Најнови вести