Хендикепираното мече по име Ушко, родум од Македонија, кое живееше со скршена кичма и инвалидска количка, угина на северот во Грција, пренесе невладината организација која се грижеше за него.
-Со голема тага соопштуваме дека угина Ушко, првото мече во светот кое успеа да се движи со инвалидска количка. Ушко во својот краток живот не научи за важноста да се бориме и никогаш да не се предадеме, дури и кога тоа изгледа незамисливо, информираа од организацијата „Арктурос“.
Ушко бил пронајден во 2015 година како младенче во Македонија. Бил парализиран затоа што му била скршена кичмата. Неговата мајка била убиена, а тој бил пронајден сам во шума.