среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партијата го надсинхронизира Ковачевски, од СДСМ пуштаат соопштенија за работи кои претседателот не ги кажал

Партијата  го надсинхронизира Ковачевски, од СДСМ пуштаат соопштенија за работи кои претседателот не ги кажал

Синоќа во СДСМ беше одржан состанок на Централниот одбор на партијата на кој Ковачевски беше задолжен да ги спроведе сите чекори и разговори кои се потребни за, како што соопштија, државата да го продолжи европскиот пат.
Ковачевски имаше и свое обраќање пред присутните, но она што паѓаше во очи беше тоа што соопштението кое беше испратено од партијата до медиумите во повеќе сегменти не се совпаѓаше со тоа што Ковачевски го зборуваше. Па така во деловите кои беа испратени како цитати од неговиот говор имаше работи кои беа отстранети, но што е полошо имаше и надсинхронизирања, односно додавања кои комплетно ја менуваат смислата на тоа што Ковачевски го кажа.

Таков е на пример и делот од соопштението во кој се вели дека или ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови, а во говорот на Ковачевски воопшто не спомнуваат никакви делови

-Јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, можеби и пратеници, преставници на раководството кои не мислат исто како нивното лидерство и коишто искрено и од среце сакаат земјата да го продолжи патот кон ЕУ и можеби сакаат да станат дел од европскиот блок. На тие поединци мислам дека треба да им се даде шанса да се приклучат на возот којшто оди за Брисел. И СДСМ е предводник на овој концепт за европска иднина. СДСМ го започна, СДСМ го води, СДСМ го предводи и така ќе биде и во иднина. ИЛИ ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок за да утре не се срамат од одлуките кои што ги носеле во минатото, бидејќи не им е сеедно кога денес ќе им кажеме дека не го подржале зачленувањето во НАТО, рече меѓу другото Ковачевски во неговото обраќање пред членовите на партискиот Централен одбор, а соопшението кое беше испратено беше видно „нашминкано“ до степен што се менува и смислата на тоа што го кажал.

Друг спорен дел од говорот кој не се совпаѓа со соопштението е и тоа во говорот кажува дека има поединци во ВМРО-ДПМНЕ кои МОЖЕБИ сакаат да станат дел од европскиот блок, што значи си претпоставува, а во испратеното соопштение стои само дека „САКААТ да бидат дел од европскиот блок“, со што практично се констатира.

-Во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, пратеници, претставници на раководството кои не мислат како Мицкоски и кои искрено, од срце сакаат земјава да го продолжи патот кон ЕУ. САКААТ да бидат дел од проевропскиот блок, стои во соопштението.

Најнови вести