Истражувањето кое го објави магазинот „Форбс“, според кое Македонија е на 103-то место, надвор од групата на 100 најбезбедни земји во време на пандемијата на коронавирусот, е преземено од Deep Knowledge group.
Бидејќи информациите пласирани во ова истражување најмалку одговараат на власта, СДСМ се обиде да го нападне и омаловажи истражувањето.
„Медиумски анализи покажуваат дека наводната листа на „Форбс“ за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин „Форбс“. Обидите за манипулација на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода, со оглед на тоа дека во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а „Форбс“ само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата“- се наведува во партиското соопштение на СДСМ.
Но, Deep Knowledge group е високо релевантна компанија, формирана од најпрестижните универзитети во светот, Оксфорд и Харвард. За нивната професионалност никаде не се отвора дилема, само во редовите на СДСМ од единствена причина што тие велат дека “блескаме“, а Оксфорд и Харвард велат дека Македонија НЕ е безбедна земја!