По церемонијата која денеска се одржа на плоштадот Македонија по повод откривањето на спомен плочата посветена на Света Мајка Тереза присутните се упатија кон спомен куќата на Тереза каде гордо го развеаја албанското знаме.
Присутните според фотографиите се гледа дека не носат никакви заштитни маски и не ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести за пропишана дистанца од 1,5 до 2 метри.
Инаку претходно на собирот се обрати претседателот на Собранието Tалат Џафери.
Денешниот настан е во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза, организирана од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ .