недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партиското здравство на СДСМ со тужби на лекари, специјализанти, во време кога владее пандемија и кога медицинскиот кадар е неопходен

Партиското здравство на СДСМ со тужби на лекари, специјализанти, во време кога владее пандемија и кога медицинскиот кадар е неопходен

Почитувани сограѓани,

Пробиштип од самиот почеток на своето постоење како општина имал и има лекари кои и во минатото и сегашноста оставиле свој белег во македонското здравство.
Тие мислеле за иднината на оваа општина и грижата за здравјето на граѓаните во иднина, па затоа и ни оставиле здравствен објект со сите здравствени стандарди, со услови за дневна болница и родилиште и надеж дека оваа општина ќе се развива.

Но тие сигурно не ни помислиле дека Пробиштип ќе има градоначалник кој заедно со неговата партиска инсталација ќе го узурпира овој објект. Во време на пандемија нашиот здравствен дом го симнаа на ниво на амбуланта.

❗ Но најмалку од се, никој не би верувал дека ќе дојде ден кога партиското раководство на здравствената институција ќе поднесе тужба за прекин на 5 специјализации. Прекинување на специјализација на кардиолог, интернист, невролог, педијатар и биохемичар кои се во тек и при самиот крај.
И сето ова само поради тоа што тие лекари си ги бараат своите работнички права за кои права тоа раководство се обврзало.

❗ Замислите тужба на лекари во време кога владее пандемија и кога медицинскиот кадар е неопходен, посебно кога самите граѓани се изложени на дополнителни трошоци и малтретирања…

Е тоа е здравството на СДСМ, политизирано до крај и симнато на колена.

Каде се работничките права, каде е колегијалноста пред се, или грижата за здравјето на нашите граѓани. Ете толку се понижени и омаловажени лекарите во здравството на СДСМ.

Јас и моите колеги специјализанти се враќаме во нашата матична здравствена институција за година-две, некои и помалку. Овде формираваме семејства, овде живееме и планираме да работиме во служба на здравјето на граѓаните на нашата општина. Се надеваме дека се ова ќе биде лошо минато, бидејки после 15ти доаѓа обновата на Македонија.

Уште во септември ќе имаме нови специјализации и со тоа ќе овозможиме вработување на нови лекари, кои ќе дојдат на местото на докторите од ИМП Пробиштип и секако останат медицински персонал. Со довршувањето и развивањето на клиничката болница Штип, со рок до 2022 година ќе добиеме ефикасно здравство, достапно за сите, а не како досега, здравство во кое поради дисфункционалноста и политизираноста граѓаните страдаат и се соочени со неквалитетна здравствена услуга посебно во време на пандемија.

Здравството мора да биде област која ќе претрпи суштински реформи.

Лекарите и пациентите заслужуваат повеќе!
Граѓаните и пациентите заслужуваат повеќе!
Република Македонија заслужува повеќе!

Најнови вести