петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партнерот на Заев бара само консултативен референдум: Власта најавува промена на името преку непочитување на народната волја

Партнерот на Заев бара само консултативен референдум: Власта најавува промена на името преку непочитување на народната волја

За да се дојде до решение е неопходна политичка храброст, одговорност и лидерство, порачува Демократскиот сојуз на коалициониот партнер на СДСМ и Зоран Заев, Павле Трајанов.

Во соопштнеието се вели дека каков и да е компромисниот договор, конечната одлука требало да ја донесе Парламентот, а не граѓаните на референдум, со што народните избраници ќе ја преземеле одговорноста за иднината на државата како легитимни претставници на народот.

-Референдумот може да биде алиби на политичките водства и да го сруши целокупниот процес, доколку претходно не се обезбеди политички -партиски консензус. Затоа ја возобновуваме идејата за консултативен референдум. Демократскиот сојуз апелира сериозно да се размисли за идејата за одржување на консултативен референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат пред да се постигне конечен договор помеѓу Македонија и Грција, се вели во соопштението.,

Најнови вести