Наплатната станица Гевгелија од денес започна со работа.
Како што соопштија од АМСМ, патарината започна со работа од 7 часот изутринава.
Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра, со што ова е најскапата патарина во Македонија.