среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Пациент чекал во амбулантно возило, Брзата помош пиела кафе на бензинска“, новинарка побара санкции од Меџити

„Пациент чекал во амбулантно возило, Брзата помош пиела кафе на бензинска“, новинарка побара санкции од Меџити

Со снимка, новинарка му докажуваше на министерот за здравство, Фатмир Меџити, дека тим на Итната медицинска помош постапил непрофесионално. Таа кажа дека добила информација и материјал според која, пациент чекал во амбулантно возило со кислородна маска, додека медицинскиот тим пиел кафе на бензинска.

„Ако го потврдиме ќе преземеме најригорозни мерки. Веднаш ќе го разгледаме тоа во министерство и да го потврдиме точно“, кажа Меџити.

Тој ги охрабри сите кои имаат вакви информации, да ги споделат, а тој се обврза дека ќе постапи.

„Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса“, додаде Меџити.

Најнови вести