Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци, Виктор Паунов преку статус на Фејсбук пишува дека иако жителите на општината имаат стотина нерешени проблеми општината ќе потроши над 115 илјади евра на сијалично осветлување.
-❌ Нема пари за ново училиште во Таринци❗️
❌ Нема нов мост во Карбинци❗️
❌ Нема Брана на Козјачка река❗️
❌ Ниту еден канал за наводнување не е ставен во функција…❗️
Локалната власт во Карбинци ќе потроши 6.870.000 ден. или речиси 115.000 евра. за сијалици на локалитетот ,,Баргала”
Жителите во Општина Карбинци секојдневно се среќаваат со комунални проблеми, загаденост и негрижа од институциите, а власта троши на проекти со кои не ги решава клучните проблеми.
Дали со ова се отвараат нови сомнежи и индиции за сомнителни зделки на власта?
Оваа власт е најлошата до сега во Карбинци, убедилво најслаба реализација на програма, многу афери и скандали, расипнички трошења на пари, стои во неговиот пост на Фејсбук.
❌ Нема пари за ново училиште во Таринци❗️
❌ Нема нов мост во Карбинци❗️
❌ Нема Брана на Козјачка река❗️
❌ Ниту еден…
Posted by Виктор Паунов on Понеделник, 26 април 2021