Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сме овде во селото Таринци, општина Карбинци да направиме увид во градежните активности кои што се случуваат во овој момент, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.
-Се работи на проект за реконструкција на дел од главната улица во селото Таринци, која што е со површина од 2.600 м2 и која што вклучува комплетно санирање односно изградба на атмосферска канализација и тротоарско решение на самата улица. Проектот е со вредност од 8 милиони денари и е финансиран делумно од страна на Бирото за регионален развој, а остатокот или конфинасирањето поголемиот дел исто така е од страна на Општина Карбинци. Се надевам искрено дека со реализацијата денес, со завршувањето на овој проект ќе успееме да го доловиме она односно она што го ветувавме во минатото да го реализираме и да го оствариме кон жителите овде. Ја подобруваме инфраструктурата со тоа што жителите овде повеќе нема да газат кал, нема да одронети остатоци од асфалт, туку ќе имаме комплетно нова инфраструктура и еден урбан лик на селото Таринци овде во општина Карбинци. Покрај ова само ќе напоменам на кратко дека се во тек неколку нови проекти кои што заедно со службите ги изработуваме техничките документации и многу наскоро следи нивна реализација. Се работи за неколку нови улици во повеќе населени места, селото Радање ќе добие две нови улици, селото Долни Балван исто така една нова улица и неколку други кои што ќе следат во текот на годината, истакна Паунов.
Значи да сумирам нѐ очекува една би рекол бурна пролет, и едно жешко лето кога е во прашање градежната офанзива во општина Карбинци, додаде Паунов.