Сега веќе поранешниот директор на ДПИ, Стојко Пауновски, изјави дека одлуката за неговото разрешување била очекувана и не го изненадила.
Тој за ТВ Телма рече дека разрешувањето било извесно и очекувано.
-Можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават, рече Пауновски.
Инаку, Владата на денешната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, откако тој објасни дека не може да им најде работа на сите 35 рамковни вработени кои му беа упатени за вработување, заради несоодветни квалификации.