Втор ден како во собранието се расправа околу францускиот предлог.
Професорката и екс висок функционер на СДСМ во Фејсбук статус напиша дека таа не верувала оти СДСМ ќе стане бугарофилска партија.
-Се уште не ми се верува дека дојде време Сдсм да поддржува менување на споменици и историски учебници во врска со улогата на Бугарија во Македонија за време на Втората светска војна, а Вмро Дпмне (заедно со Милошовски) да се повикува на партизанското минато на нашата татковина, да го лиже она што го плукал за Блаже Конески и да ја пее “Бела чао”! Ех, што прават од човека власта и желбата по неа! Напиша на Фејсбук Ана Павловска Данева.