И ова утро центарот на градот повторно е блокиран поради протести на пазарџиите.
Моментално протестираат околу 30 пазарџии кај дирекцијата на Макпетрол, а сообраќајот е во колапс.
Пазарџиите инаку протестираат поради одлуката на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” кое минатата недела донесе одлука со која од 8-ми овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.
Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.