четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пемова до СДСМ: Законите на ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле за доброто на граѓаните, затоа сега и вие ги применувате

Пемова до СДСМ: Законите на ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле за доброто на граѓаните, затоа сега и вие ги применувате

Пратеничката од редови на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова на собраниската седница посочи дека законот од 2011/2012 година за пензиско осигурување и докупување на пензиски стаж сега го дополнуваат и СДСМ со што признаваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш имала добри закони кои користеле за доброто на граѓаните на Република Македонија.

-Сакам да истакнам дека измената во законот за пензиско инвалидско осигурување имавме 2011/2012 година во периодот кога нели власта ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и заеднички нели предложивме измена на законот за пензиско инвалидско осигурување. И на ваквите лица кои што беа загрозени тогаш им овозможивме со докуп на пензискиот стаж да го остварат правото на пензија, потсети Пемова.

Пемова додаде дека законот посебно важеше за оние лица кои што работеле, а работодавачите го немаа подмирено стажот на работниците.

-И по барањето на ВМРО-ДПМНЕ на околу 10 до 20.000 граѓани им се даде можноста да се изврши докуп на пензискиот стаж за да остварат старосна пензија. Сега колегите предлагачи исто така бараат продолжување на оваа законска можност, со измена на законот да им се овозможи на оние лица кои што работеле и имаат работено 15 години и го остваруваат еден од условите за 15 години работен стаж, меѓутоа работодавачите одреден дел од нивниот работен стаж не им го уплатувале пензиското осигурување и сега им се дава можност тие самите лично со нивна доплата да го исполнат тој услов односно да си го докупат стажот за да можат за да остварат старосна пензија, истакна Пемова.

Најнови вести