Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова на собраниската седница на која се дискутираше за изменување и дополнување на буџетот рече дека ребаланс се прави кога Владата има промашување во креирањето на буџетот и лошото водење на политиките и мерките коишто ги спроведува, и инситуциите кои треба да ги спроведат преку различни програми и проекти, ги немаат ефикасно сработено.
-Реализацијата на вкупните приходи во буџетот се во помал процент од предвиденото или во апсолутни бројки потфрлањето во собирањето на средствата во буџетот е 166 милиони евра и ако се бродолжи со овој начин на работа, средставата кои до крајот на годината ќе фалат во бѕџетот ќе бидат околу 250 милиони евра. Најзагрижувачки податок е тоа што најмногу има потфрелно во прибирањето на средствата по однос на даночни приходи, особено по основ на данокот на добивка кој е показател на работењето на приватниот сектор. Тоа укажува дека политиките што ги креира оваа Влада не даваат резултат, рече Пемова.
Пемова упати прашање до заменик министерката на кој начин ќе ги обезбедат тие средства на приходната страна на буџетот, за да може буџетот нормално да функционира до крајот на годината бидејќи економските политики не даваат сигнал дека ќе успее државата тие средства да ги прибере. Таа праша и дали државата и овој недостаток ќе го надополни со нови средства од задолжувања затоа што како што кажа таа, државата во последен период функционира само од задолжувања.