четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пемова: Мила Царовска прави реформи кои наштетуваат на социјално загрозени семејства

Пемова: Мила Царовска прави реформи кои наштетуваат на социјално загрозени семејства

Весна Пемова пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ посочи дека Мила Царовска со новиот закон реши да скрати дадени права на социјално загрозени семејства како што е правото за 1.000 денари за реагенси кое го скрати од 12 месеци на 6 месеци.

Овој амандман кој што го барав и во Комисијата се однесува да остане она право што го имаа социјално загрозени лица, а тоа е 1.000 денари да добиваат за покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството. Кое е неопходно и тоа право треба да остане 12 месеци во годината како што беше и досега, појасни Пемова.

Пемова посочи дека со новиот закон за здравствена заштита ова право кое што со години наназад го имаа социјално загрозени семејства, оваа влада со овој нов закон реши ова право да го скрати.

Правото за 1.000 денари за покривање на трошоци за реагенси кое во минатото траеше 12 месеци, односно цела година сега е скратено само на 6 месеци, истакна Пемова.

Пемова нагласи дека Министерката Мила Царовска со кратење на ова право прави реформи кои наштетуваат на социјално загрозени семејства.

Најнови вести