среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пемова: Новите измени на Законот за вино ќе ја намалат откупната цена на грозјето

Пемова: Новите измени на Законот за вино ќе ја намалат откупната цена на грозјето

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова во однос на измените на Законот на вино од собраниската седница денеска истакна дека истите се на голема штета на лозаропроизводителите и ќе ја намалат откупната цена на грозјето.

Претеничката објасни дека сите измени до сега се однесуваа на подобрување на условите на работа  на винариите, а ништо за лозаропроизводителите, смета дека време е да се направи еден нов закон за лозаропроизводителите, а тоа е нешто што го бараат токму тие, затоа што со Законот за вино не е регулирана цената на грозјето и работата на производителите.

-Сметам дека е време да се донесе закон за лозаропроизводители затоа што здруженијата си имаат и свои предлози за истото, а овие измени што се прават во овој закон се штетни, затоа што сега ќе им се бара на лозаропроизводителите поголема концентрација на шеќерни единици во грозјето и со тоа ќе се намалува откупната цена на грозјето, а свесни сме оваа година колку беше ниска откупната цена на грозјето, вели Пемова.

Најнови вести