Новинарот Тодор Пендаров во своето гостување во емисијата „Само вистина“ се појави со маска, демонстрирајќи дека надвор не се дише, и посочи дека владата не се грижи за здравјето на граѓаните.
-Мерките кои што денес ги донесе Владата се смешни бидејќи во 18 часот сите граѓани се дома никој не излегува тогаш. Надвор не се дише, бројките се катастрофални. Дури и владата признава. И тоа е интересно најмногу е во Општина Карпош, поточно во Карпош 2, и во Лисиче исто така. И демек владата презела некакви мерки, од 18 часот градскиот превоз е џабе. Голема работа, од 18 часот. Кој се вози во 18 часот, запраша Пендаров.
Пендаров додаде дека 18 часот не е време ни за диско за младите, а вработените веќе се вратиле дома од работа, пензионерите во 18 часот сигурно нема да одат на пазар.
-Оваа мерка е едноставно смешна работа. Мерките на Владата се фрлање прашина во очи. Со тие мерки ништо не се прави.