четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски да не измислува флоскули и да застане на страна на македонскиот народ, неговата историја, идентитет и најголемиот јунак Гоце Делчев

Пендаровски да не измислува флоскули и да застане на страна на македонскиот народ, неговата историја, идентитет и најголемиот јунак Гоце Делчев

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ е изненадена од претседателот Пендаровски со каква леснотија на вчерашната прес-конференција вели дека ние македонците сме требале да бидеме среќни и задоволни што други народи на Балканот сакале да слават наши херои, велат од ГРОМ.

-Јавно го прашуваме претседателот Пендаровски, зошто грците не беа среќни затоа што и ние го славиме, го почитуваме и му подигнавме споменик на најголемиот војководец во историјата на човештвото Александар Македонски. Зошто Господине претседателе ние треба да бидеме среќни ако некој се радува на нашето, а ние не смееме да се радуваме на „нивното“. Зошто зборуваме за градење на добрососедски односи во кои ние македонците до бескрај ќе правиме отстапки, а соседите ќе излегуваат со нови и нови барања и тоа требало нас да не прави среќни. Очигледно дека претседателот Пендаровски, Зоран Заев и раководството на СДСМ се среќни што се на власт, ги трошат народните пари, ги уживаат привилегиите а за возврат го распродаваат националното, историското и културното достоинство на македонците. Каква е тоа држава во која претседателот и владата се среќни што прават отстапки, а го прават тажен и понижен сопствениот народ, истакнуваат од ГРОМ.

Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ го повикува претседателот Пендаровски да се совземе, да не измислува флоскули и кажува шарени лаги туку да застане зад сопствениот народ, неговата историја, идентитет и најголемиот јунак Гоце Делчев, додаваат од таму.

Најнови вести