петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски нема да ги коментира изјавите на Вуќиќ и Вулин, смета дека таквиот став не заслужува коментар

Пендаровски нема да ги коментира изјавите на Вуќиќ и Вулин, смета дека таквиот став не заслужува коментар

По острата реторика и навредливите изјави од Србија, конкретно од министерот за одбрана, Александар Вулин и од српскиот претседател, Александар Вучиќ, од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски за „Фокус“, велат дека нема да ги коментираат.

– Во однос на ставот на Вулин, претседателот смета дека тој став не заслужува коментар. Во однос на изјавата на претседателот Вучиќ, претседателот Пендаровски не сака да ја коментира изјавата на претседателот на Србија, велат за „Фокус“ од Кабиентот на претседателот.

Утрово на РТС беше објавена изјава на Вулин кој вели дека претседателот Пендаровски никој не го прашува не треба да коментира дали треба корекција на гранците меѓу Косово и Србија.

– Претседателот на Северна Македонија, може слободно да молчи на јазикот којшто никој, освен Србија не го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи бидејќи ниту некој бара, ниту му го прифаќа мислењето, порача Вулин.

Потоа следуваше изјава од претседателот Вучиќ кој за истата изјава на Пендаровски, рече дека Скопје прави се за да им се додвори на Германците, како најмоќна нација во ЕУ.

Пендаровски оваа изјава ја дал на прашање на приштинскиот весник „Газети експрес“. Од неговиот Кабинет за весникот рекле дека таквото решение би имало штетни последици за регионот и би го загрозило цел напредок во последните 20 години.

Најнови вести