Претседателот Стево Пендаровски вели дека оценката за неговиот мандат треба да ја дадат граѓаните и затоа покрај партиската поддршка, важна му е и оценката од граѓаните.
Во вечерашното интервју за ТВ Шења, како што пренесува Кабинетот на претседателот, Пендаровски изјавил дека му е потребно да има поддршка од партиите кои застанале зад неговата кандидатура на претходните избори, но дека еднакво значајна му е и поддршката од оние граѓани кои не се членови на политички партии, од лицата кои се неопределени или кои ретко излегуваат на гласање, или пак сметаат дека сите политичари се исти и нивниот глас нема да направи разлика.