сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пенков: 5 години поминаа, економијата е девастирана и животниот стандард на граѓаните е уништен

Пенков: 5 години поминаа, економијата е девастирана и животниот стандард на граѓаните е уништен

Повеќе цели се нотирани во ребаланост, но таму се работи класична игра на зборови затоа што пред 6 месеци во буџетот за 2022 година беа детерминирани малку поинакви цели, изјави претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Златко Пенков на денешната Собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Пенков посочи дека 5 години поминаа, а економијата е девастирана и животниот стандард на граѓаните е уништен.

„Убеден сум дека Владата направи катастрофално промашување, затоа што ние во овој момент имаме двоцифрена инфлација. Сите индиции укажуваат дека јуни ќе биде и зголемена таа инфлација, но стапката на инфлација е проектирана со ребалансот на буџетот на 7,2 проценти а во првиот буџет беше проекцијата на 2,4 проценти“, рече Пенков.

Пенков потенцираше дека според реномирани економски институции Владата растот на БДП го претставува оптимистички а за разлика од тоа стапката на инфлацијата ја зема долната граница. Ние имаме двоцифрелна инфлација која секојдневно ги јаде парите на граѓаните, а ние имаме детерминирано 7,2 проценти, а тоа е исклучително лошо прогнозирање.

Најнови вести