среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пенков: Криминалот, корупцијата, непотизмот и рекетот се појави кои се својствени за СДСМ

Пенков: Криминалот, корупцијата, непотизмот и рекетот се појави кои се својствени за СДСМ

Почитувани сограѓани Криминалот, корупцијата, непотизмот и рекетот се појави кои се својствени за СДСМ, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Златко Пенков, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во изминатите три години како што рече нивниот лидер Заев тие беа сидрото кое не влечеше напред и затоа денес живееме во хибриден режим. Овие појави не ја одминаа и нашата општина Неготино таков еден случај се направи и во ТЕЦ Неготино имено с доаѓањето на власт на СДСМ и стапувањето на функција на новиот менаџерски тим во ТЕЦ Неготино првото што го направиле е зголемување на платите на бордот на директори за близу 100 % Па така сега директорите во ТЕЦ Неготино земаат бруто плата од 2000 до 2500 евра месечно по директор. Замислете 2500 евра бруто плата месечно или фантастични 30 000 евра годишно само за еден директор во ТЕЦ Неготино. Од тука би сакал гласно да запрашам колку лозов насад треба да изработи еден земјоделец за да може да земе толку пари за една година а прашање е на колку рати ќе ги зема парите и дали воопшто ќе му бидат исплатени, вели Пенков.

Тој прашува дали маката на земјоделецот може да се спореди со маката на еден директор во ТЕЦ Неготино?

-Почитувани истовремено во изминатиот период до нас допираат голем број на гласини дека се вршат невидени притисоци и уцени врз вработените во јавните претпријатија и институции. Почитувани мои сограѓани би сакал да ве охрабрам немојте да се плашите тоа се само очајнички обиди за да се спаси власта. Доаѓа 15 јули и народот го има последниот збор. Народот знае да го направи вистинскиот избор а убеден сум дека овој пат изборот е ВМРО-ДПМНЕ и обновата а Македонија. Од 16 јули следи одговорност. Секој еден што се огрешил пред законот ќе одговара. Обновата доаѓа. Исправи се Македонијо, вели Пенков.

Најнови вести