Новиот закон на владејачкото мнозинство на СДСМ со кој се бара од пазарџиите да обезбедат лиценци и им се забранува на пензионерите да продаваат на пазарите, ги крена на нозе продавачите на пазарите.
Утрово пазарџиите излегоа на протест пред Собранието во знак на револт од новиот закон односно од обврските и зголемените давачки кои им се наложуваат.
За дел од пазарџиите како што посочуваат, пазарот им е единствена егзистенција и затоа бараат да се одложи или целосно да се повлече ваквиот закон, додавајќи доколку никој не ги слушне нивните барања ќе бидат порадикални а можно е повлекување од пазарите.
Според новиот закон пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците нема да можат да работат без лиценца која ја издава Стопанската комора на Македонија.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати се бараше исто повлекување на овој закон нагласувајќи дека оваа влада на СДСМ и Заев ги осиромашувала граѓаните и наместо живот им донела црнила.
-Оваа црна мерка мора веднаш да се спречи, да престане хајката по луѓето од зелените пазари, казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ