понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Перински: Двојните аршини покажуваат дека сите не се еднакви и во состојба со корона едни се пред други

Перински: Двојните аршини покажуваат дека сите не се еднакви и во состојба со корона едни се пред други

Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук вели дека двојните аршини покажуваат дека сите не се еднакви, и во состојба со корона едни се пред други.

-И во заштита на здравјето за власта не се сите исти. Двојните аршини покажуваат дека сите не се еднакви, и во состојба со корона едни се пред други. Општина Арачиново има 21 активен случај со корона. Од Владата, општината доби половина милион евра, средства за справување со короната. Општина Аеродром има 1 436 активни случај со корона, а ниту денар за справување со корона.

Ама затоа за градоначалникот Марин приоритет беше набавка на лампиони, озвучување и бини кои нема да се користат, а за Владата-Арачиново, пред на пример прочистувањето на воздухот на територија на Скопје…
Не велам дека жителите на Арачиново не треба да добијат помош, но ваквата политика сведочи за тоа дека едните се пред другите. Почитувани граѓани на Аеродром треба да знаете дека за Владата и градоначалникот Марин вашето здравје не е приоритет, стои во неговиот пост на Фејсбук.

И во заштита на здравјето за власта не се сите исти. Двојните аршини покажуваат дека сите не се еднакви, и во состојба…

Posted by Zlatko Perinski on Недела, 13 декември 2020

Најнови вести