понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Перински: Марин во време кога има забрана на собири склучува договори од над 3 милиони денари за бини и манифестации

Перински: Марин во време кога има забрана на собири склучува договори од над 3 милиони денари за бини и манифестации

Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук го обвини градоначалникот на Аеродром, Златко Марин дека во време кога е забрането групирање поради ширење на коронавирусот склучува договори за одржување на манифестации.

-На 9-ти ноември Владата донесе одлука за забрана за собири каде има повеќе од 4 лица. Истиот ден градоначалникот на Аеродром Златко Марин склучил два договори со вредност од над 3 милиони денари за аудио опрема, осветлување и лед екрани со цел оддржување на манифестации и настани во услови кога тие се забранети поради корона кризата. Во време кога општина Аеродром е една од најпогодените од корона заразата ваквите манифестации е сосема разбирливо и очекувано дека се непотребни, дури и опасни по здравјето на граѓаните. Манифестации нема, но парите на граѓаните на Аеродром се трошат. За што? Не за почист воздух, не за нови улици, не за нови детски градинки…. ,за лични интереси #АеродромЗлаткоМарин, стои во неговиот пост на Фејсбук.

На 9-ти ноември Владата донесе одлука за забрана за собири каде има повеќе од 4 лица. Истиот ден градоначалникот на…

Posted by Zlatko Perinski on Thursday, November 12, 2020

Најнови вести