сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Перински: Тоа што за чистење на смет се прави маркетинг значи дека Марин ништо друго не работи

Перински: Тоа што за чистење на смет се прави маркетинг значи дека Марин ништо друго не работи

Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека тоа што за чистење на смет се прави маркетинг значи дека Марин ништо друго не работи.

“Ноемврискиот поход” на Марин со фотографии од собрани метларки за чистење, не е ништо друго туку парада да се затскрие неработењето на Општината во насока на решавање на проблемите на граѓаните. Тоа што за чистење на смет се прави маркетинг значи дека Марин ништо друго не работи,a впрочем тоа треба да биде редовна активност на секоја општина. Но кога веќе се отвора оваа тема добро е да објави фотографии и од неисчистениот смет кај Владимир Комаров, кај Tранспортен центар, кај Кам и Капитол, позади Бисер, кејот на Вардар во Лисиче…итн.
П.С можам само да замислам каков непотребен спектакл ќе биде направен од новите метларки кои Аеродромци ги чинат половина милион евра набавени од компанијата на поранешниот Вицепремиер Кочо Анѓушев. Секако и тогаш како и сега нема да чуеме одговор како токму оваа компанија ги набавува истите и дали можеби нема друг приоритет поважен за граѓаните.
#ЧистењеСметЕТековнаАктивност
#ЗлаткоМарин, стои во неговиот пост на Фејсбук.

“Ноемврискиот поход” на Марин со фотографии од собрани метларки за чистење, не е ништо друго туку парада да се затскрие…

Posted by Zlatko Perinski on Недела, 22 ноември 2020

Најнови вести