Претседателката на Унија на жена на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието Жаклина Пешевска во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“ на кое што учествуваше и Славјанка Петровска од СДСМ, зборувајќи за нефункционалноста на Собранието поради тесното мнозинство и немањето кфорум го спомна и тоа што во Собранието во скафандери беа однесени двајца пратеници од мнозинството болни од КОВИД-19.
„Дрско е да донесете пратеници и да го задгрозите здравјето на сите. Предрско е затоа што влегуваа од истиот влез од кој што влегуваме сите и тие заслужуваат посебна кривична од секој од нас, затоа што сите имаме дома стари, хронично болни и деца. тоа е неодговорно“, истакна Пешевска.
На ова реагираше Петровска велејќи дека тоа е обврска на пратениците, а Пешевска ваквата постапка ја нарече тероризам.
„Тероризам е тоа, не е 27-ми тероризам. Тероризам е тоа што вие донесовте болни пратеници во скафандери. Треба да се срамите и да не го спомнувате. затоа ја вртат главата и не зборуваат во Собрание тие, затоа што знаат што направиле“, потенцираше Пешевска.