КОЈ ГУБИ ИМА ПРАВО ДА СЕ ЛУТИ! Победа на избори е победа и со еден глас, додека победата на ВМРО-ДПМНЕ во двата круга на локалните избори со разлика од 110 000 гласови е убедлива победа, истакна Жаклина Пешевска, претседател на Унијата на женаи на ВМРО-ДПМНЕ.
-Секој обид за релативизација од страна на СДСМ на овие факти е показател за нивната слабост и не-признавање на волјата на граѓаните! Затоа, предвремени парламентарни ВЕДНАШ! Па прогресивното граѓанство да ви даде уште поубедлив одговор, пишува на Фејсбук.