недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Најлоши 100 дена на една Влада на Република Македонија во историјата

Пешевска: Најлоши 100 дена на една Влада на Република Македонија во историјата

Најлоши 100 дена на една Влада на Република Македонија во историјата, пишува на својата Фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

100 дена Влада – Резултат 0!

100 дена Влада на загуби!

За само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ поради нивниот договор за “пријателство и добрососедство” со Бугарија кој на дело се покажа дека ниту е пријателски ниту е добрососедски туку напротив создава проблеми кои досега ги немавме.

– Во овие 100 дена, Македонија влезе во економска рецесија.

– Во овие 100 дена, земјоделците сe по улиците, тутунот има цена по колограм како една кутија цигари, а лозарите го оставија грозјето да скапува необрано поради ниската цена за откуп.

– Во овие 100 дена, видовме хаос во здравствениот систем затоа што се нема ниту план ниту визија за справување со пандемијата.

И има да се редат многу неуспеси во овие 100 дена и слободно може да се каже дека овие 100 дена се најлоши за една Влада во историјата на Република Македонија!, пишува во својата објава Пешевска.

Најнови вести