петок, 5. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Од СДСМ не реагираат на нападите врз Арсовска, тоа значи дека ги поддржуваат таквите сексистички напади

Пешевска: Од СДСМ не реагираат на нападите врз Арсовска, тоа значи дека ги поддржуваат таквите сексистички напади

Едно општество за сите во нашата држава немаме, низа на случки и ситуации го докажаа тоа, вели Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

-Од декларативни заложби ние не добиваме ништо. СДСМ ветија 50-50 на листите, прво не се сите листи, второ кога ги анализирав листите многу жени се ставени во недобитните места. Според мене, како штоп кажав претходно во популација сме застапени 50-50 мажи и жени, тоа би требало да значи 50-50 на пазарот на трудот, 50-50 во функциите, вели Пешевска.

Пешевска смета законите во Македонија се добри, но нема никаква имплементација.

-Имавме навреда кон кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска за што јас имав прес и го повикав Клубот на пратенички да реагира, бидејќи до тој момент не изреагира. Убаво е што ќе се носи кодекс за етичко однесување, ние имаме во Собрание но не се почитува, ние имаме добри закони, но немаме нивна имплементација. Ние со консензус ги донесовме и законот за семејно насилство, законот е добар, но семејното насилство е се поголемо, посебно откако не фати пандемијата и тоа го покажуваат статистиките, вели Пешевска.

Пешевска се осврна и на нападите врз Данела Арсовска од страна на блиски членови на СДСМ, посочувајќи дека може утре и некој од нив да биде мета на вакви напади и говор на омраза.

-Јас тогаш ги повикав сите форуми на жените, ги повикав и невладините кои што замолкнаа во последно време да реагираат, бидејќи во спротивно сметам дека тоа го поддржуваат. И не дека јас сум посакала тие да реагираат во тие неколку дена, но тие и во наредниот период не реагираа се до сега и тоа се уште не беше почната кампањата, со тешки сексистички напади кон жена, има дете кое што е малолетно и кое што ги чита и кое што во училиште му ги префрлаат тие нешта. Е сега ако ние не покажеме пример и јавно не излеземе и да гфо осудиме тоа, па макар и да се дистанцираат од тие нивни членови, и да апелираме да престанат тоа да го прават, затоа што утре може и нивна сестра или жена да биде мета на говор на омраза и вакви напади. Значи се молчеше од страна на СДСМ, вели Пешевска.

Најнови вести