четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Штабовите во Кочани и Чашка полни со жени- следува победа на ВМРО-ДПМНЕ

Пешевска: Штабовите во Кочани и Чашка полни со жени- следува победа на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска попладнево беше во посета на општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка и Кочани. На социјалните мрежи, Пешевска напиша дека во овие комитети е избрано ново раководство на Унијата на жени, што носи нова енергија и мотивација за работа на терен која ќе донесе промени во Република Македонија.

-Штабовите во Кочани и Чашка беа преполни со жени. Жени, силно мотивирани за работа на терен, бидејќи локалната самоуправа предводена од СДСМ, изминатите четири години ги остави општините без нови проекти и затоа во октомври ќе следуваат промени. Жените од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предводници на промените во Македонија, истакна Пешевска.

Најнови вести