четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Што е поважно, пописот или здравјето на граѓаните?

Пешевска: Што е поважно, пописот или здравјето на граѓаните?

Пред неколку дена најавив, денес јавно апелирам за носење на одлука за одложување на пописот на населението закажан за од 1ви Април. Ова барање е логично и произлегува од многу факти, истакнува Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме нејзиниот Фејсбук статус:

Здравствената состојба во Република Македонија е лоша, како последица на пандемијата со Ковид – 19. Ако се земат предвид бројките од последните 8 дена, имаме 8280 новозаразени и 186 починати граѓани како последица од вирусот. Кога веќе се соочуваме со ваква состојба, нормално е да се постават неколку прашања:

  1. Што е поважно, пописот или здравјето на граѓаните?
  2. Дали треба прво да се спроведе вакцинација на населението па после да тераме една таква, обемна теренска активност?
  3. Дали треба сите политички чинители да поклонат верба на Законот за попис и методологијата за попишување?

И има уште многу логички прашања кои со право си ги поставуваат граѓаните. Затоа, треба да надвладее разумот, и пописот да се одложи. Ако мене ме прашувате, помеѓу пописот и здравјето, без дилема го одбирам здравјето.

Најнови вести