На сите вработени во здравствениот систем на Република Македонија, како медицински сестри им го честитам денешниот ден, кој во светот е запишан како Меѓународен ден на медицинската сестра. Им оддаваме длабока почит и јавно признание за макотрпната работа во справувањето со панденијата!
Сите вработени од здравствениот персонал се нашите нови херои, и тие ја заслужуваат нашата почит и признание!, пишува претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска по повод меѓународниот ден на медицинските сестри.